Паднато дрво во Капиштец/ Фото: Слободен печат

ФОТО: Две дрва паднаа пред влезот на скопското училиште „Киро Глигоров“, за среќа никој не е повреден

Улицата Козара, веднаш до влезот на училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец од утрово е блокирана, затоа што преку коловозот се паднати две дрва. За среќа, како што кажуваат родители кои ги носеле децата на училиште, најверојатно двете паднале во текот на ноќта или рано наутро, па никој не е повреден.

Станува збор за големи дрвја, при што едното паднало врз другото, па го откорнало од корен и двете во моментов се легнати преку улицата.

Паднато дрво Капиштец/Фото: „Слободен печат“

Родители сведочат дека уште пред десетина дена пријавиле во Општина Центар дека дрвото е опасно накривено, па од таму ги упатиле во Град Скопје и во ЈП „Паркови и зеленило“.

Но, со оглед на фактот дека самата процедура од пријавување, до издавање решенија и законски рок за жалби, па додека екипите излезат на терен трае долго, во меѓувреме дрвото паднало и со себе повлекло уште едно. Притоа, дрвото не било обележано ни за сечење.

Паднато дрво во Капиштец/ Фото: Слободен печат

Од утрово, сообраќајот на оваа улица е блокиран, а како што дознаваме, пред малку стигнале и екипи од „Паркови и зеленило“ и од ПОЦ, кои започпнале да ги сечат паднатите дрвја, за да ги отстранат од улицата. Од Општина Центар тврдат дека улицата ќе биде проодна за сообраќај за еден час.

Паднато дрво во Капиштец/ Фото: Слободен печат
Паднато дрво во Капиштецџ/ Фото: Слободен печат
Паднато дрво во Капишец/ Фото: Слободен печат
Паднато дрво во Капиштец/ Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот