ФОТО | Душица и Игор Карачиќ се венчаа во Мостар: Прекрасна венчавка во кругот на најблиските

Игор Карачиќ
Душица и Игор Карачиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Македонскиот модел Душица Андоновска и хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на РК „Вардар“, Игор Карачиќ го кажаа судбоносното „да“ во црква во Мостар, а на своите инстаграм-профили пред неколку дена споделија убави моменти од нивната венчавка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Đino Spajić (@fotodjino)

Невестата блесна во уникатна венчаница, а целиот изглед го зачинила со едноставен накит, додека младоженецот носеше елегантен црн костум.

На свадбената веселба им пеела Илма Карахмет, а за првиот танц на младенците ја одбрале песната од Тереза ​​Кесовија, „Мојата последна и прва љубов“.

Тие се венчаа на суд минатата година, само три месеци откако Игор ја запроси Душица. Парот се запознал додека тој играше за клубот „Вардар“. Ракометарот моментално живее во Полска и игра за клубот „Кјелце“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот