ФОТО | Драган Начевски заминува во пензија со проштален меч кој одлучува за шампионската титула
Денеска од 19.30 часот се игра решавачкиот натпревар во македонската ракометна Суперлига кој одлучува за титулата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје играат екипите на Вардар 1961 и актуелниот првак од Битола, Еурофарм Пелистер.
Овој меч воедно е проштален за Драган Начевски, поранешен судија и делегат. И за денешното дерби Начевски се најде меѓу офијалницате лица на записничката маса.
Начевски заминува во пензија, доби благодарница од почесниот претседател на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов.
Во својата судиска кариера заедно со Марјан Начевски судеа голем број на натпревари на големите меѓународни натпреварувања и ја претставуваа нашата земја.
Драган Начевски како делегат исто така беше дел од врвни натпревари во Лигата на шампионите, европски и светски првенства, Олимписки игри, а беше и одговорен за судиите во Европската ракометна федерација (ЕХФ).







