Марко Пејчиновски / Фото: Фејсбук/Марко Прејчиновски

ФОТО | „До кога ќе се мачам?“: Марко Пејчиновски на операција по сообраќајката

Марко Пејчиновски објави дека доживеал сообраќајка по која морал да замине на операција. Младиот охридски пливачки херој повторно се соочува со сериозни здравствени проблеми.

„Како велат: ‘Мора некогаш еден чекор наназад, за потоа два нанапред’…

Ги започнав моите 20-ти години со операција, операција на рамото по сообраќајна незгода во 2024 година. По година и пол мачење, конечно се најде доктор кој ми ја кажа вистинската дијагноза (хронична AC дијастаза во 4. стадиум), односно скинати лигаменти кои ја држат клучната коска на место. Претходната дијагноза беше дека рамото ми е само потечено…

Шеста операција досега, и тоа ме натера да се прашам: ‘Зошто мене? До кога ќе треба да се мачам?’

Но сфатив нешто, сè додека сум јас тој што се мачи, а не некој мој сакан, треба да сум среќен. Сè додека има нов ден за да се борам, треба да сум среќен.
Бог најтешките битки им ги дава на најсилните борци. Јас ја испишувам мојата приказна, а каква е таа приказна ако некој сака да ја слушне, а во неа да нема болка, препреки и искушенија?

Следува тежок период, но многу пати сум чекорел по овој пат. Се молам на Бога сè да биде како што треба, но тоа е човечкото во мене. Знам дека и да не е сè по мојот план, ќе биде во ред, бидејќи Божјите планови се поголеми од моите.

Како и секогаш, така и сега: „Господе, нека биде волјата Твоја“, напиша Пејчиновски на социјалните мрежи.

Во август лани, тој успешно го заврши својот модифициран „Ајронмен“ триатлон, кој беше во должина од вкупно 107 километри, а се состоеше од трчање, возење велосипед и пливање. Марко инаку страда од некроза на коската на ногата, а повеќето подвизи ѝ ги посвети на неговата покојна мајка, која почина од канцер.

На 10 години ми дијагностицираа ретка болест, не знам што ќе биде во следните десет: Емотивна исповед на пливачот Марко Пејчиновски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот