ФОТО: Џастин Тимберлејк ѝ посвети на сопругата Џесика Бил ретка јавна порака за нејзиниот посебен ден

Instagram
Фото: Инстаграм

Џастин Тимберлејк ѝ упати на сопругата Џесика Бил ретка јавна порака по повод нејзиниот посебен ден…

Џастин Тимберлејк на својата сопруга, актерката Џесика Бил, ѝ го честиташе роденденот со емотивна објава на „Инстаграм“, што навистина е реткост од негова страна. Тој овој пат буквално се разнежни и јавно искажа колку всушност ја сака.

„Среќен роденден на мојата најдрага личност во светот. Најсилната, најсмешната, најдобрата, најпаметната и најубавата мајка, партнерка и шефица која постои. Среќен сум што учам од тебе, се смеам и го славам секој ден со тебе“, ѝ напиша 40-годишниот пејач на сопругата Џесика која денес го слави 39-от роденден.

Тој сподели неколку нивни заеднички радосни фотографии и видеа и ѝ порача „Те сакам со сè што знам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот