ФОТО | Џастин Бибер ги изненади своите фанови: Пејачот објави ретка фотографија со неговиот татко

Instagram
Фото: Притскрин - Инстаграм

Канадскиот пејач Џастин Бибер не зборува често за својот татко, а неговата мајка е доминантна фигура во неговиот живот. Затоа сите беа изненадени кога на неговиот инстаграм – профил се појави роденденска честитка посветена на неговиот татко Џемери.

„Среќен роденден, тато. Те сакам многу“, напиша пејачот во описот на фотографијата честитајќи му го 46 роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)


Мајката и таткото на Џастин никогаш не биле во брак, а се разделиле неколку месеци по раѓањето на пејачот. Потоа Џереми бил во врска со Ерин Вагнер, со која ги добил 13-годишната Јасмин и 12-годишниот Џексон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)


И таа врска не му успеала, но тој ја нашол среќата, по трет пат, покрај Челси Бибер, со која се ожени во 2018 година, а една година подоцна ја добиле ќерката Беј.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот