ФОТО | Децата на Ана Курникова и Енрике Иглесијас пораснаа, а колку се убави! Фотографите ги „уловија“ со нивната славна мајка
Ако помислите на прототипот на совршен пар, вашата прва асоцијација ќе бидат Ана Курникова и Енрике Иглесијас. И доволно е да го замислите миксот на гените добиени од таткото и од мајката, веднаш е јасно дека станува збор за убавина! Како што растат, стануваат сè поубави, а со оглед на тоа што не се случува често популарната пејат и поранешната тенисерка јавно да ги претставуваат своите наследници, не е ни чудо што новите папрацо фотографии од Ана и трите пораснати малечки предизвикаа толку големо вооодушевување.
Препорачано
Ана Курникова, иако е пензионирана спортистка со децениско искуство, сè уште поседува аура на ѕвезда и култна јавна личност, па глобалната јавност не губи интерес за нејзиниот лик и работа. А бидејќи беше видена во количка пред неколку месеци, без никој да ја објави причината, сите се израдуваа кога ја виделе убавата руска тенисерка на нозе и во одлична форма.
Update🚨 | wife of @enriqueiglesias Anna Kournikova was seen on the streets of Miami with her two daughters, and with her friends. She enjoyed a day of shopping at the Pal Harbor Shopping Center last weekend!😍💞
Anna suffers from an injury, the cause of which is unknown!❤️🩹🙏 pic.twitter.com/5nwGK47WG2
— Enrique Iglesias Arab Fans Club (@ArabEiFans) January 28, 2025
Една од најгламурозните спортистки што некогаш го красиле тенискиот терен и во минатото официјално најсексипилната жена на светот, сега се гледа во вистинската „мајчинска верзија“. Иконата на белиот спорт се појавила со своите деца во Мајами бич – без количка и ортопедски чизми, а на ексклузивните фотографии објавени од „Дејли мејл“, можеме да видиме дека дека 44-годишната Ана ги однела своите три деца – близнаците Луси и Николас (7) и петгодишната Мери – на часови по боречки вештини.
View this post on Instagram
Курникова била облечена многу лежерно – носела бел дуксер со качулка, црни велосипедски шорцеви и патики, додека косата ѝ била врзана во опавче. Нејзините деца биле подготвени за карате тренинг – со полни ранци на грбот – додека најстарата ќерка Луси имала џиновско мече во рацете.
Што се однесува до таткото Енрике Иглесијас, тој е неуморен, правејќи незаборавни концерти, а обожавателките и понатаму му паѓаат во прегратки.
Енрике и Ана сигурно неодамна купија уште еден имот во затворената заедница Беј Поинт во Мајами бич. Станува збор за куќа од 1957 година со пет спални соби и четири бањи, чија вредност се проценува на 6,5 милиони долари. Тој имот се наоѓа на истата улица каде што тие веќе имаат куќа и каде што ги одгледуваат своите деца.
ФОТО | Енрике Иглесијас и Ана Курникова се пофалија со своите деца


