ФОТО | Данијела е минато: Петар Грашо има нова љубов, во врска е со ќерката на Тончи Хуљиќ

петар грашо
Петар Грашо / Фото: Принтскрин/Инстаграм

На почетокот на мај, одекна веста за раскинувањето на 24-годишната врска помеѓу хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ (50) и Петар Грашо (45), што тогаш ги шокираше бројните пријатели, семејството и колегите.

– Вистина е дека Данијела и Петар живееја на одделни адреси во последните месеци, како поради деловни проекти, така и поради одредени лични причини – рекла тогаш маркетинг менаџерката на Грашо.

Сега хрватските медиуми пишуваат дека Грашо има нова љубов, а тоа е ќерката на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, Хана, која е 14 години помлада од Грашо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)

Во последно време се шпекулира дека романсата меѓу нив двајца трае веќе некое време, а Хана го придружува  на повеќето настапи. Често се дружат и во слободно време, а луѓето ги виделе и во некогашниот ресторан на таткото на Грашо, како уживаат во ручекот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Хрватскиот портал „24сата“ пишува дека Петар и Хана биле забележани во кафуле во Сплит, каде што се држале за раце и изгледале опуштено. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот