ФОТО | Дамиано Давид облечен како Бритни Спирс: Фронтменот на „Måneskin“ во мини здолниште на настапот во Париз

Instagram
Instagram

Италијанската рок – група „Måneskin“ победи на 65-тото издание на овогодишниот избор за песна на Евровизија, а изминатиов период популарните млади музичари настапуваат низ цела Европа.

По концертите во Берлин, Амстердам, Гетеборг и Копенхаген, сега е редот на Париз.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

На нивниот официјален инстаграм – профил се најдоа и неколку фотографии од настапот во Франција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Фронтнемот Дамиано за време на настапот носел краток кариран фустан во комбинација со бела кошула, додека другите членови на бендот се облечени во панталони и кошули со интересен крој.

Модниот избор на италијанскиот шармер потсетува на изгледот на американска поп – пејачка Бритни Спирс во еден од нејзините најпознати музички спотови.

Комплиментите од бројните фанови го преплавија профилот на бендот: „Можеш ли да бидеш поубав и поталентиран отколку што си?“, „Не можам да дишам?“, „Те сакам“, „Модни икона“, се само дел од коментарите под нивната заедничка фотографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот