ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Општина Струга, на нејзиниот фејсбук-профил објави дека утре, на Денот на езерото, ќе го инаугурира проектот за осветлување на реката Црн Дрим.

„Благодарение за реализацијата на проектот за осветлување на коритото на реката Црн Дрим. Исполнувајќи ги сите архитектонски барања, осветлувањето на коритото се реализира во согласност со регулативата за нормативно технички стандарди.

Проектот вклучува инсталација на арматура изработена од не рѓосувачки челик, отпорен на корозија.Должината на коритото е 900 метри, додека арматурата за осветлување беше поставена од двете страни на коритото со должина од 1.800 метри,“ велат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот