ФОТО | Црно, па (не) се гледа: Забавата на „Баленсијага“ ги собра сите ѕвезди на едно место

Фото: Профимедиа

По спектакуларната ревија на модната куќа „Баленсијага“ во рамките на Неделата на високата мода во Париз, се случи и гламурозна афтерзабава која не можеа да ја пропуштат многу познати ѕвезди.

Старлетата Ким Кардашијан повторно привлече најголемо внимание со модните комбинации и необичните додатоци, па овој пат облече фустан со светки со долги ракави, кој го искомбинира со микро чанта и црни очила за сонце. Но, вистинско изненадување приреди дури откако ја напушти забавата, кога на улица се појави со црна впечатлива маска слична на кацига за мотор која ѝ го прекрила целото лице.

Фото: Профимедиа

Што сакала Ким да каже со ова ќе остане тајна, но секако го привлече вниманието на обожавателите и фотографите кои трпеливо ја чекаа. Ниту останатите ѕвезди не разочараа со своите стајлинзи.

Фото: Профимедиа

Манекенката Бела Хадид облекла впечатлив комбинезон со точки во кој лесно можеме да се замислиме, а го искомбинирала со бела ташна и црни чевли во шпиц.

Фото: Профимедиа

Тука беше и манекенката и актерка Емили Ратајковски во целосно црно издание кое остава впечаток како да е во едно парче, но тоа е одлична оптичка илузија.

Фото: Профимедиа

Всушност, станува збор за црн фустан со подолг преден дел, под кој Емили носеше црни хулахопки и чизми, кои Ким Кардашијан често знае да ги прошета низ Лос Анџелес.

По мошне необичната комбинација на предимензионираните фармерки, светкаво црното боди и впечатливите очила на „Баленсијага“, во кои беше видена пред ревијата, холивуската икона Никол Кидман за забавата носеше малку погламурозна креација. Актерката на настанот пристигна со својот сопруг Кит Урбан, облечена во црн фустан со светки и вел од тул, црни хулакопки и чевли во истата боја.

Фото: Профимедиа

Детаљот од кој очигледно не се одвојува повторно биле необичните очила „Баленсијага“ со кои излегла од автомобилот, но ги извадила кога камерите почнале да ја фотографираат.

Топ-моделот Наоми Кемпбел пристигна во долг црн фустан-мантил под кој ги облекла препознатливите црни мат хулхопки на брендот.

Фото: Профимедиа

Ниту пејачката Дуа Липа не можела да одолее на светките кои го красеа нејзиниот фустан со крој на балон. Сребрениот накит и чантата одлично се вклопиле со изгледот, а Липа за ова издание додала и екстензии во косата.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот