ФОТО | Четири медали за каратистите на Макпетрол од Кроација Гранд При во Риека
Каратистите на Макпетрол освоија четири медали од кои еден златен, еден сребрен и два бронзени на меѓународниот турнир Карате Гранд при Кроација во Риека, Хрватска.
Препорачано
На турнирот настапија 1270 каратисти со 1571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клуба.
1.Данило Божовиќ (-84 кг) златен медал во сениори
2 Јована Мицовска (У21 -61 кг) сребрен медал
3.Стефан Стојановиќ +84 кг бронзен медал во сениори
4.Јована Мицовска (-61 кг) бронзен медал во сениори
5.Викторија Јовановска петто место во сениори (-61кг)

Во сениорското финале исто како и на последното Балканското првенство се сретнаа Данило Божовиќ и Реџеп Рушити, победата со резултат 2:0, повторно му припадна на каратистот на Макпетрол, Данило Божовиќ.
Кај постарите јуниорки (У21) Јована Мицовска во борбата за златниот медал загуби од Амира Абулибде од Бугарија. Бронзи освоија Јована Мицовска и Стефан Стојановиќ во сениорска конкуренција.

– Годината ја започнавме веќе со втора активност од самиот старт. Минатата недела истиот состав учествуваше на Светска лига во Грузија, Тбилиси, за веднаш следниов викенд да настапиме на најсилниот европски турнир „Кроација Гранд При“ – Риека. За нас како клуб најважно беше да ја провериме и темпираме формата на нашите репрезентативци, кои во почеток на февруари ќе заминат на Европско првенство во Лимасол – Кипар. Задоволни сме од прикажаните борби, сега останува да поправиме уште некој елементи и подготвени да заминеме на европското првенство – изјави тренерот на Макпетрол, Петар Заборски.
РЕЗУЛТАТИ
-84 кг (У21) петто место
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Шимон Сечкар (Словачка) 2-4
Репасаж
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Петар Микулиќ (Хрватска) 3-0
За бронза
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Немања Јелиќиќ (Босна и Херцеговина) 0-2

61 кг – сребрен медал
Јована Мицовска (Макпетрол) – Никол Естрада Пупо (Италија) 9-0
Јована Мицовска (Макпетрол) – Ника Бешлија (Хрватска) 4-3
Јована Мицовска (Макпетрол) – Сара Бениќ (Хрватска) 5-0
Финале
Јована Мицовска (Макпетрол) – Амира Абулибде (Бугарија) 2-5
Сениори
-84 кг
1.Данило Божовиќ – златен медал
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Макс Фајербах (Хрватска) 0-0
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Јакопо Валдо (Италија) 0-0
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Немања Јелиќиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Финале
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Реџеп Рушити (Куштрими) 2-0

+ 84 кг – бронзен медал
Стефан Стојановиќ (Макпетрол) – Симон Гроенлунд (Данска) 1-0
Стефан Стојановиќ (Макпетрол) – Доминик Бохуницки (Словачка) 1-5
За бронза
Стефан Стојановиќ (Макпетрол) – Елведин Херац (Австрија) 0-0
Јована Мицовска (Макпетрол) – бронзен медал
Јована Мицовска (Макпетрол) – Корина Клариќ (Хрватска) 3-2
Јована Мицовска (Макпетрол) – Хана Дебелјак (Словенија) 1-3
За бронза
Јована Мицовска (Макпетрол) – Миа Чачко (Хрватска) 6-4
Викторија Јовановска (Макпетрол) – 5.место
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Ника Бешлија (Хрватска) 1-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Кристина Свиленова (Бугарија)
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Викторија Ризајева (Летонија) 1-2



