ФОТО | Цената е ситница: Се продава рачно изработена Југо-лимузина од Минесота

Фото: Facebook/Printscreen/Cory Rauch

На интернет-огласите се појави примерок на автомобил Југо каков што ретко се гледа. Еден Американец поседувал два автомобили Југо од 1988 година, додека тие сè уште се извезувале на тој пазар. Ги заварувал од забава и на тој начин создал продолжена лимузина, а сега неговиот внук ја продава за мала сума.

Кон крајот на 80-тите години крагуевската „Застава“ го извезувала своето Југо во САД, каде што бил еден од најевтините автомобили на пазарот, па брзо се „прославил“ како куриозитет и бил предмет на бројни шеги, пренесува хрватски „Баг“.

Американците одвреме-навреме се потсетуваат на тоа фијаско, како, на пример, сега, и тоа благодарение на огласот кој на фејсбук-страницата FacebookMarketplace ја објави еден жител од местото Пирз во Минесота.

 

Фото: FacebookPrintscreen/ Cory Rauch

Во огласот пишува дека двете Југа биле купени директно од застапникот во 1988 година од страна на дедото на огласувачот. За забава, тогаш ги заварил и така создал уникатна продолжена лимузина (која на шега, наместо Југо, во множина ја нарекуваат Вего (Wego)).

Бидејќи дедото се школувал за автолимар, знаел што прави, вели неговиот внук, па дури и го возел ваквиот автомобил. Се вели дека тој во својата златна доба поминал околу 69.000 километри.

Меѓутоа, со години седи во гаража, а за да се вози, потребно е да се направат само мали поправки. Дедото лимар има 82 години, па веќе не го работи тоа, па затоа семејството решило да го продаде неговото дело, со сите дезени што го прават уникатен.

Фото: FacebookPrintscreen/ Cory Rauch

Оваа „лимузина“ чини 4.000 долари, а на фотографиите можете да видите како изледа релултатот од спојување на две стари Југа, црвено и бело. Што се однесува до состојбата, не е баш идеална, па внатрешноста е рудиментирана како во 1980-тите, но запуштена, додека ниту надворешноста не изгледа ништо подобро.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот