ФОТО | Цел свет гледа во градите на сопругата на Канје Вест, јасно е зошто

Фото: Профимедиа

Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест во саботата вечерта уживал во романтична вечера со сопругата Бјанка Ценсори (29) во познат холивудски ресторан.

Како што објави „Дејли мејл“, бујната русокоса ги покажала градите во многу тесен спортски градник и „залепени“ сиви хеланки и со тоа го привлекла вниманието на речиси целиот свет.

Канје продефилирал со својата поубава половина облечена во тесни хеланки, кои ги украсил со футуристички влошки кои изгледале како перничиња за боречки вештини. Познатиот рапер носел и широк црн џемпер.

Фото: Профимедиа

За потсетување, Бјанка е вработена во брендот „Јизи“ на Канје Вест откако се приклучи на компанијата во ноември 2020 година. Таа е назначена како шефица на архитектура, позиција што ја доби откако магистрирала дизајн на Универзитетот во Мелбурн во Австралија. Инаку, Канје и Бјанка се венчаа пред неколку месеци и оттогаш се неразделни, пишуваат американските медиуми.

Според зборовите на пријателите на младата убавица, Бјанка е елегантна и паметна девојка која сѐ уште била студентка кога Канје ѝ ја понудил работата. Пријателка по име Кејт им рекла на Бен, Лијам и Бел од „Нова ФМ“ дека Канје и неговиот бренд дошле до неа на Инстаграм и дека таа оставила сè и отишла кај него.

Фото: Инстаграм

Во меѓувреме, поранешната сопруга на Канје, старлетата Ким Кардашијан е сингл и подготвена да си најде ново момче.

„Ким е повторно отворена за забавување“, открил инсајдер за „Ентертејмент тунајт“, додавајќи дека „се чувствува добро и има голема самодоверба“.

За време на шестгодишиот брак, Канје и Ким станаа родители на деветгодишната Норт Вест, седумгодишниот Сент, петгодишната Чикаго и тригодишниот Псалм.

На почетокот од 2021 година, парот објави дека се разделува, а разводот го финализираа во ноември 2022 година.

Падот на Канје Вест: Од музичка икона, до човек кому светот му го сврте грбот

ФОТО | „Гледајќи го овој филм повторно ги засакав Евреите“: Канје Вест се врати на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот