ФОТО: Брозовиќ ќе игра заедно со Кристијано Роналдо во Ал Наср

Фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Сагата околу потпишувањето на договорот со Ал-Наср заврши, а Марсело Брозовиќ ќе биде нов играч на саудискиот вицешампион.

Хрватскиот репрезентативец е фотографиран во хотелот Шангри Ла во Париз, каде треба да се сретне со претставници на Ал-Наср и официјално да потпише тригодишен договор вреден 100 милиони евра. Со тоа Брозовиќ ќе стане најплатениот хрватски фудбалер во историјата.

Целата приказна ја потврди и Фабрицио Романо кој потврди дека Интер ќе добие 18 милиони евра надомест. Потписот допрва треба да го договорат правните тимови, заедно со менаџерот, пред Брозовиќ да стане член на еден од најбогатите клубови на денешницата и соиграч на Кристијано Роналдо.

Ова е крајот на сагата која траеше неколку дена околу договорот меѓу Брозовиќ и Ал-Наср. Застојот настана кога саудискиот клуб ја намали првичната понуда за купување на Марсело од 23 милиони евра на само 13 милиони плус бонуси, на што Интер не се согласи. Сега двете страни конечно го постигнаа посакуваниот договор.

Така, Брозовиќ ќе му се придружи на петкратниот освојувач на „Златната топка“ Кристијано Роналдо во атакот по титулата во саудиската про-лига, која му избега на Ал-Наср минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот