ФОТO | Браво Слаѓана: Скопјанката по втората бременост се истенчи до беспрекорност!

Фото: Приватна архива

Приказната на Слаѓана Трајковска носи голема надеж дека секоја од нас, без разлика дали сме веќе мајки или не, без разлика на тоа колку килограми сме наталожиле, можеме да ја трансформираме својата фигура до беспрекорност. 

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ во пресрет на есента.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката, веганка и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма во пресрет на есента.

Елена е дипломиран инженер-технолог нутриционист, но има и бројни доедукации во областа на природната медицина, нутриционизмот и квалитет и безбедност на храна. Со еден збор, таа е нутриционист „пар екселанс“, или по „нашки“, експерт за храна без конкуренција.

А серијата што следува е „исповед“ за слабеење на некои од жените во кои Елена се вложила за да добијат фит-изглед.

Овојпат ѝ благодариме на скопјанката Слаѓана Трајковска што своето искуство го сподели со нас.

приватна архива

Слаѓана е млада мајка која после втората бременост сакала да си го врати телото како што ѝ било предходно, но единствениот начин кој што таа го знаела било гладувањето.

Имала искуства и предходно со различни диети, со кои ослабнувала и потоа повторно ги враќала килограмите.

– Нејзината сестра била иницијатор да побара помош од нутриционист. Програмата ја започна со голема доза на скептицизам, зошто не ѝ беше својствено како некој, со толку многу оброци и храна во текот на денот, да може да ослабне, ни објаснува нутриционистката Елена Мирческа.

Кај Слаѓана имало и дополнителна потешкотија што има мало бебе…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот