ФОТО | Божиќното пиво од грашок и кисела црвена зелка стана хит! Продадено во рекордно време

Фото: Принтскрин/Си-ен-ен

Локална пиварница во Рејкјавик лансираше празнично пиво направено од грашок и кисела црвена зелка. Ферментираниот пијалaк – пиво е најновиот производ на богатата фантазија на Валгеир Валгеирсон, главниот пивар во пиварницата „РВК“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RVK Brewing Company (@rvkbrewing)


Ова интересно и необично пиво по вкуст се прави во мала пиварница во Рејкјавик, а пивото се вика „Ora Jolabjor“ или „Божиќно пиво“ и содржи 5,2 отсто алкохол. Пиварницата има годишен капацитет од само 50.000 литри, што е мошне скромно во размерите на пивата што ги произведуваат светските гиганти за пиво.

Во текот на различните фази на подготовката на ова пиво, зелката и грашокот се мешаат со јачменов слад, хмељ и каранфилче. Ова необично пиво направено од конзервиран грашок и кисела црвена зелка брзо станува совршен спој за исландските божиќни прослави овие денови пред Божиќ, пишува „Еуроњуз“.

„Изненаден сум од тоа колку беше добро и пријатно, во споредба со гледањето грашокот и црвената зелка како се сипаат во пиварницата“, рекол Хедин Унштајнсон, кој го почувствувал мирисот на зеленчукот во пивото.


„Очекував поизразен вкус на состојките“, се чуди Нилс Бјарки Финсен, кој го споредува со англиското „горчливо“ пиво од килибар.

Инаку, првата серија беше продадена на интернет, целото пиво беше распродадено за само шест часа од ставањето во онлајн продавницата. Пивото од грашок и кисела зелка се продава по цена од три евра во Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот