ФОТО | „Биенале и уште по нешто“: Каролина Гочева сè уште е под импресии од патувањето во Венеција
Македонската пејачка Каролина Гочева, заедно со сопругот Михаил Корубин, периодов престојуваше во Венеција, каде што го посети 61. издание на Венецијанското биенале, една од најзначајните светски манифестации за современа уметност, но и уживаше во убавините на самиот град.
Препорачано

Очигледно, Каролина сè уште е под импресии од патувањето во Венеција, па одлучи на социјалните мрежи да сподели уште неколку моменти кои ги доживеала таму.
Таа сподели низа фотографии од прошетките низ градот, но и од посетата на уметничките павилјони, вклучувајќи го и македонскиот национален павилјон, каде што е поставено делото „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски.

„Венеција 2026. Биенале и уште по нешто“, напиша Каролина покрај фотографиите.

Инаку, ова не е прва посета на Каролина на Венецијанското биенале. Таа и Михаил, присуствуваа на јубилејното 60. издание на манифестацијата, кога ја посетија изложбата „Помеѓу надеж и страв“ на македонската претставничка Славица Јанешлиева.



ФОТО | „Три дена во Венеција“: Каролина Гочева и Михаил Корубин го посетија 60. Биенале на уметноста


