ФОТО | Беше првиот супермодел и најубавата жена на светот: Се уништи со пластичните операции!
Манекенката Џенис Дикинсон (66) која во повеќе наврати истакнуваше дека токму таа е првиот супермодел во светот, неодамна се појави на отворањето на изложба во Лос Анџелес и повторно изненади многумина со својот изглед.
Дикинсон пристигнала во тесни, црни, кожени панталони, црна ролка и шик виолетово палто од вештачко крзно, а комбинацијата ја комплетирала со лакирани чизми.
View this post on Instagram
Сепак, нејзиното облекување на црвениот тепих беше во втор план, бидејќи јавноста повторно беше изненадена од нејзиното лице, покажувајќи нов изглед по повеќекратните естетски операции.
View this post on Instagram
Манекенката се мажеше четири пати и има две деца. Во 2012 година се омажи за психијатарот Роберт Гернер, кој ја изгуби работната дозвола бидејќи почнал врска со пациентка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Пред шест години ѝ беше дијагностициран рак на дојка, со кој успешно се избори.
Џенис беше најплатената манекенка од 70-тите години, но потоа го уништи лицето поради својата опсесија со пластичната хирургија.
View this post on Instagram
Дикинсон гостуваше и во бројни реални шоуа и емисии каде што беа прикажани нејзините многубројни операции – од усните до градите.
Некогаш икона на стилот и секс-симбол, Џенис денес служи како предупредување за младите девојки кои сакаат да ги поправат своите недостатоци преку корективни интервенции.
Таа пред неколку години, во интервјуто на Си-ен-ен, го обвини осудениот комичар и актер Бил Козби дека ја силувал. Џенис рекла дека знае дека тогаш била млада и наивна, но и дека била многу среќна поради повикот на Бил и понудата за работа во „Шоуто на Козби“, пред да ја силува.