ФОТО | Бела Хадид конечно се огласи за конфликтот меѓу Израел и Хамас: Не можам повеќе да молчам

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Бела Хадид

Маненеката Бела Хадид за прв пат јавно проговори за конфликтот меѓу Израел и Хамас, пишувајќи дека во Газа има итна хуманитарна криза, поради која мора веднаш да се реагира.

Таа се огласи две недели откако нејзината сестра Џиџи Хадид коментираше на истата тема. Семејството познати манекенки добивало смртни закани.

Таа нагласи дека во Газа има итна хуманитарна криза, дека на семејствата им треба пристап до храна и вода, а на болниците им е потребно гориво за генератори на енергија, средства за ранетите и одржување на луѓето во живот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Бела Хадид

„Допрва треба да ги најдам вистинските зборови за овие длабоко комплицирани и вознемирувачки последни две недели, недели кои повторно го фокусираа вниманието на светот на ситуација која одзема невини животи и ќе влијае на семејствата со децении. Имам многу да кажам, но за денес ќе бидам кратка“, напиша таа во објава на својот Инстаграм профил.

Ќерката на палестинскиот бизнисмен Мохамед Хадид и данско-американската манекенка Јоланда Хадидсе осврна и на заканите кои ги добивала: „Добивав стотици смртни закани секој ден, мојот телефонски број протече во јавноста, а моето семејство почувствува дека е во опасност. Но, не можам повеќе да молчам, стравот не е опција. На луѓето, на децата во Палестина – особено во Газа, не им треба нашиот молк. Ние не сме храбри, тие се“.

Таа изрази сочувство до сите мајки кои ги загубија своите деца, до сите оние кои ги загубија членовите на семејството, сочувство до жртвите и нивните семејства во Газа и Израел.

Бела Хадид истакна дека „сите ние треба да застанеме заедно во одбрана на човечноста и сочувството и да бараме нашите водачи да го сторат истото.

„Сите религии се мир – владите се корумпирани и конфликтни“, напиша таа, додавајќи дека овие две последни работи го направиле најголемиот грев.
„Ние сме едно и Бог ги создаде сите еднакви. Сите крвопролевања, солзи и жртви треба да се оплакуваат со иста почит“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот