ФОТО | Беа на чекор до олтарот: Поранешниот свршеник на Јелена Розга e во врска со згодна Украинка

Јелена Розга и Стјепан Хаусер / Фото Принтскрин /Инстаграм / Јелена Розга

Кариерата на хрватската пејачка Јелена Розга, покрај бројните хитови, ја одбележа и љубовта со виолончелистот Стјепан Хаусер. Важеа за еден од најубавите парови на јавната сцена, но на нивната љубов ѝ дојде крајот.

Врската ја започнаа во 2015 година, а траеше две ипол години, кога раскинаа во 2017 година. Во меѓувреме, живееja заедно и беа свршени, а иако беа на чекор до олтарот, ставија крај на љубовта.

По љубовниот крах, Хаусер открил како ја запознал згодната пејачка.

– Се запознавме на натпреварот за Мис Универзум, отидов таму да ги гледам убавиците, а потоа ја здогледав и ми се допадна повеќе од сите убавици. Така започна сè. Беше вистинска љубов, заедно живеевме две години – се присетил Хаусер своевремено.

И Розга и Хаусер биле убедени дека нивната љубов ќе трае цел живот, а пејачката еднаш признала кога се вљубила во згодниот виолончелист.

– Ме заинтригира во истата секунда, а се вљубив во третата минута од нашата средба – рекла Јелена која додала дека Стјепан прв ѝ пришол.

Розга неколкупати истакнала дека живеела како во бајка додека била во врска со Хаусер.

Меѓутоа, на нивната љубов, сепак, ѝ дошол крајот.

Хаусер сега е во врска со популарната украинска инфлуенсерка Марија или барем судејќи по фотографиите од одморот, иако виолончелистот тоа јавно не го признал.

Стјепан Хаусер и Украинката Марија /Фото: Принтскрин/Инстаграм

Убавата инфлуенсерка сподели фотографија со Хаусер на која заедно позираат покрај базен.

„Еден и единствен“, напишала Марија под фотографијата што ја споделил и Стјепан на својата инстаграм-приказна.

Стјепан Хаусер и Украинката Марија / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хаусер минатото лето ја однел Марија кај родителите во Пула, со што инфлуенсерката веднаш се пофалила на социјалните мрежи. Таа тогаш објавила неколку фотографии, но и видеа од неговиот дом каде се бакнуваат, вежбаат и наздравуваат.

Стјепан Хаусер и Украинката Марија /Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот