ФОТО | Басистката на бендот „Манескин“ уловена топлес додека се бакнува со девојка

Фото: Instagram/ Profimedia

Викторија Де Ангелис, басистката на популарниот италијански бенд „Манескин“, периодов ужива на одмор на Ибица, а тамошните папараци успеале да ја уловат во топлес издание.

Фото: PREMIER PHOTO / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

На одморот ѝ се придружиле пријателите со кои приредиле вистинско шоу за сите кои биле присутни на плажата. На фотографиите може да се види дека сите се соблекле топлес, а потоа во морето младата Викторија почнала да се бакнува со една од пријателките.

Фото: PREMIER PHOTO / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Покрај женското друштво, таа на Ибица се забавувала со уште еден член на групата „Манескин“, гитаристот Томас Раџи. Овој пат не е забележан пејачот Дамијано.

Фото: Instagram/ vicdeangelis

Инаку, ова не е прв пат Викторија да се појави топлес. Таа, често објавува провокативни фотографии и на нејзиниот Инстаграм профил, а на настапите се појавува во поразголени комбинации.

ФОТО+ВИДЕО | Рок венчавка: Членовите на „Манескин“ направија свадба во Рим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот