ФОТО | Бакингемската палата објави нови фотографии од кралот Чарлс – „изгледа одлично“

Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

На кралот Чарлс Трети (75) на почетокот на февруари му беше дијагностициран рак и на одредено време ги прекина своите кралски должности.

Во вторникот кралот Чарлс беше на задача и ги угости верските лидери и членови на различни заедници во Лондон. Сите тие неодамна учествуваа на Форумот на верските лидери.

„Кралот слушнал за нивната вклученост во Форумот на верските лидери, каде што имаа можност отворено да ги споделат своите искуства за водење во нивните заедници во време на зголемени меѓународни тензии“, стои во описот на фотографиите.

 

Бакингемската палата објави неколку фотографии од дочекот, а многумина го коментираа изгледот на кралот Чарлс откако беше откриено дека се бори со тешката болест.

Некои коментираа дека ослабел и дека изгледа поинаку, а некои, пак, рекоа дека кралот изгледа одлично.

– Мило ми е што кралот се чувствува доволно добро за лично да присуствува – напишале тие.

Лекувањето на кралот Чарлс: „Ќе се користат помалку инвазивни методи“

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот