Лекувањето на кралот Чарлс: „Ќе се користат помалку инвазивни методи“

Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Веста дека кралот Чарлс Трети боледува од рак ја потресе британската јавност и сите будно ја следат здравствената состојба на монархот.

Како што пишува британскиот „Мирор“, се шпекулира дека кралот еднаш неделно ќе се враќа во Лондон на „високо специјализирано“ болничко лекување на кралскиот имот Кларенс хаус. Во остатокот од неделата, се претпоставува дека кралот ќе се враќа во Сандрингам во Норфолк за да се одмора.

„Лекувањето на ракот многу напредна во последните години и е понапредно од претходно. Ефикасноста е значително подобрена“, истакна изворот за „Мирор“.

Кралот не се откажува од својата неделна аудиенција кај премиерот, која обично се одржува во среда. Даунинг стрит и Бакингемската палата презедоа необичен чекор да ги потврдат деталите од разговорот меѓу двајцата вчера, во обид да докажат дека кралот ги продолжува своите должности.

Неделната аудиенција помеѓу кралот Чарлс и Риши Сунак се очекува да продолжи на 21 февруари, нешто повеќе од две недели од дијагнозата на кралот. Претставниците на палатата велат дека ако не е можно да се одржи состанок во живо, тој ќе се одржи виртуелно, а истите правила ќе важат и за состаноците на Државниот совет на Велика Британија.

Јавните должности на кралот се, исто така, одложени за да се намали ризикот од инфекција или изложеност на вируси додека тој е подложен на третман, за кој се вели дека е „пионерски и помалку инвазивен“ од претходните методи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот