ФОТО | Антониа Гиговска објави свадбена фотосесија: Пејачката блеска од среќа покрај Роберт
Младата поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг и татко на нивното дете Киан, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер пред речиси една година стапија во граѓански брак, а убавата вест тогаш ја споделија со јавноста преку неколку фотографии.
Препорачано
Но, се чини дека ваквата формалност не е доволна за крунисување на љубовта на оваа естрадна двојка, па Антониа и Роберт одлучија на 10 март да направат голема свадба и да ја потврдат љубовта пред голем број гости.

Сега, Антониа на својот инстаграм-профил сподели неколку интимни моменти од свадбата со Роберт, па покажа како се дотерувала за свадбата, детали од венчаницата, но и најубавите фотки од нивниот прв танц.


На фотографиите се забележани подготовките за свадбата со нејзиниот пријател и долгогодишен соработник, Даниел Николовски, како и моменти додека позира сама со бидермаерот и со Роберт како се држат за раце. А, има и фотографија од нивниот прв свадбен танц каде делуваат пресреќни и заљубени.

Инаку, за свадбената веселба Антониа носеше два фустана кои ги дизајнираше Моника Коцарева, додека Роберт избра бордо костум во комбинација со бела маичка и патики.

ИНТЕРВЈУ | Искрено со Антониа Гиговска: Љубовта со Роберт беше еден допир, а мајчинството ме скроти


