ФОТО: Англичаните се срамат од своите навивачи, со ласер го попречуваа Шмајхел
Очајно, скандалозно и неверојатно, се коментарите со кои луѓето најчесто се служат на социјалните мрежи кога ги коментираат случувањата на полуфиналната пресметка помеѓу Англија и Данска.
Фановите се воодушевени од голманот на данската репрезентација, Каспер Шмајхел кој имаше неколку фантастични одбрани, меѓу кои беше и пеналот на Хари Кејн, но не успеа да го одбрани и вториот удар на напаѓачот на Англија откако одбиената топка повторно дојде до неговите нозе.
Unbelievable.
Someone in the crowd was pointing a laser into Schmeichel’s eyes as he was trying to save the penalty Sterling dived for.
Horrible look for England this.
Disgraceful.#EURO2020 pic.twitter.com/LEusViVtMC
— JAKE BUCKLEY 🇦🇺 (@TheMasterBucks) July 7, 2021
Но, анализата на тие моменти покажа уште еден интересен детал, англиските навивачи со ласер се обидуваа да го заслепат Шмајхел пред шутот на Кејн.
Навивачот го впери ласерот во очите на Шмајхел, но ниту тоа не му попречи на голманот да го одбрани шутот на Кејн, и овој потег ги налути и самите англиски навивачи.
„Прво пеналот за кој Стерлинг одглуми, а сега некој од публиката со ласер се обидува да го заслепи Шмајхел, Очајна промоција за Англија, срамота“, пишуваат англиските фанови за своите сонародници кои беа на трибините на „Вембли“.