ФОТО | Андријана Јаневска и Гино прославија 12 години брак: Нека ви се множат!

Андријана Јаневска и Гино/Facebook
Андријана Јаневска и Гино/Facebook

Поп – пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска сподели фотографија на својот фејсбук профил од свадбата со својот сопруг, Драган Гиновски-Гино.

Андријана Јаневска и Гино/Facebook
Андријана Јаневска и Гино/Facebook

На фотографијата стои натписот:

„Денот кога јас и Гино ставивме потписи, 30.12.2009“.

Под фотографијата тие добија многу позитивни коментари и честитки. Тие се потпишале во декември на заеднички живот, а свадбата ја направиле во 2010.

Андријана и Гино се во брак 12 години, а претходно беа во врска. Таа и сопругот кој е исто така музичар, се разлика 14 години, но според Андријана тоа е поголема предност во нивниот брачен однос и љубов. Тие се родители на два сина, Димитар и Кристијан.

Им посакуваме долговечен брак и уште многу годишнини поминати заедно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот