Ејми Шумер / Фото: John Eddy / INSTAR Images / Profimedia

ФОТО | Актерката Ејми Шумер е подготвена да ја дочека сезоната на бикини – со насмевка и 22 кг помалку

Сезоната на костими за капење полека, но сигурно се приближува, а Ејми Шумер е подготвена да ја дочека со ново тело. Актерката објави фотографија која остави многумина без зборови.

Шумер стана ѕвезда на социјалните мрежи откако ослабе 22 кг, а потоа и поради разводот од Крис Фишер. Во еден момент, Ејми ги избриша сите свои стари фотографии на Инстаграм, оставајќи само нови, од кои некои се далеку попредизвикувачки од старите што ги објавуваше.

Сега таа повторно се огласи со атрактивна фотографија. Ејми направи селфи, а вниманието на јавноста го привлече нејзината видливо слаба фигура.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерката позираше во едноделен костим за капење и се чини дека е подготвена да ја отвори летната сезона, но и да се пофали со драстичното слабеење.

Да потсетиме, Ејми е една од ретките јавни личности кои отворено зборуваат за своето слабеење. Таа призна дека користела лекови за слабеење, но од една причина – „за да преживее“.

Инаку, актерката страда од Кушингов синдром, кој се јавува кога телото има вишок на хормонот кортизол подолго време, што на крајот доведува до прекумерно зголемување на телесната тежина.

ФОТО | Ејми Шумер ослабе 22 килограми и го покажа телото: Не го направив тоа за да изгледам секси туку за да преживеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот