Ејми Шумер - Фото: Инстаграм

ФОТО | Ејми Шумер ослабе 22 килограми и го покажа телото: Не го направив тоа за да изгледам секси туку за да преживеам

Познатата американска комичарка и актерка Ејми Шумер ја започна 2026 година со искрена и силна порака до своите следбеници, а воедно и јавно ја покажа својата голема физичка трансформација. Таа откри дека ослабела околу 22 килограми, а промената доаѓа по исклучително тежок период од нејзиниот живот.

Имено, на Шумер ѝ бил дијагностициран Кушингов синдром, сериозно хормонално нарушување, а во декември таа објави и дека по седум години брак се разведува од сопругот Крис Фишер.

Веста за разводот парот ја сподели во објава на социјалните мрежи која подоцна беше избришана.

„Крис и јас донесовме тешка одлука да го завршиме нашиот брак по седум години. Сè уште многу се сакаме и заедно ќе продолжиме да се грижиме за нашиот син. Би ценеле доколку јавноста ја почитува нашата приватност“, напиша тогаш актерката.

Во најновата објава на Инстаграм, Ејми сподели серија фотографии на кои јасно се гледа нејзиното значително слабеење. Таа откри дека фотографиите ги направила нејзината мајка додека се пакувала за патување, а последната е направена веќе на самото патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @amyschumer

Со објавата, Шумер ја сподели и својата одлука за новата година:
„Оваа година е посветена на грижата за себе и љубовта кон себе. Без шминка. Без филтри. Да го цениме здравјето, семејствата и пријателите. Нека ова ни биде најдобрата година досега. Одиме напред без жалење – само со љубов.“

44-годишната актерка претходно отворено зборуваше и за вистинската причина поради која ослабела, нагласувајќи дека тоа нема врска со изгледот.

„Никогаш не носам накит. Немам правено ботокс или филери. Не ослабев 10, туку 20 килограми. И тоа не за да изгледам секси – тоа е минливо. Ова го направив за да преживеам“, искрено изјави таа.

Шумер дополнително ја објасни и својата здравствена состојба:

„Имам болест што ви го прави лицето екстремно отечено и може да биде смртоносна. Интернетот ја препозна и токму тогаш состојбата почна да се повлекува.“

Според клиниката „Мејо“, Кушинговиот синдром се јавува кога телото подолг период има премногу хормон кортизол, што може да биде резултат на прекумерно производство во организмот или одредени медикаменти. Меѓу најчестите симптоми се таканареченото „месечево лице“, дебелеење во пределот на трупот, тенка кожа склона кон модринки и масни наслаги меѓу рамениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот