ФОТО: Ајакс на преубав начин го најави натпреварот во ЛШ против Наполи и Елмас

Диего Марадона и Јохан Кројф се поранешни фудбалери на Барселона/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Ајакс денеска од 21.00 часот ќе го пречека Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во третото коло од групата „А“ од Лигата на шампионите. По две кола во групата „А“ води Наполи со шест бодови, по три имаат Ливерпул и Ајакс, а без бодови на дното е Ренџерс.

Холандскиот фудбалски клуб на социјалните мрежи на еден емотивен начин го најавија овој натпревар од елитното европско клупско натпреварување.

Во објавата им оддаде почит на починатите великани Јохан Кројф и Диего Марадона, легендите на двата клубови. Тие се прикажани како седат облечени во дресови на тросед качен на облак и го гледаат натпреварот од ЛШ што треба да започне.

Холанѓанецот Кројф како играч ги имаше најголемите успеси во кариерата со Ајакс, осумпати беше шампион на Холандија, а трипати беше првак на Европа, тогашниот Европски Куп (сега ЛШ) во 1971, 1972 и 1973 година.

Марадона со „наполитанците“ двапати ја освои Серија А, последната титула во шампионатот клубот ја има токму со Аргентинецот во 1990 година. Со екипата по еднаш ги освои и Купот и Суперкупот на Италија, како и тогашниот Куп на УЕФА (сега Лига Европа) во 1989 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот