„Форбс“ објави листа на најчисти мориња во Европа: Хрватска се најде на првото место

Фото: Diana Robinson / Flickr

Угледниот магазин „Форбс“ објави нова листа на најдобри морски дестинации во однос на чистотата на водата и морињата во Европа.

Според новиот извештај, 85 отсто од популарните европски дестинации за капење постигнале одлична оцена, а 96 отсто ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет. Само 1,5 отсто од локациите се оценети како лоши.

„Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во соработка со Европската комисија, штотуку го објави својот најнов извештај кој опфаќа 22.081 локација во сите земји-членки на ЕУ, како и во Албанија и во Швајцарија. Земјите се рангирани според чистотата на нивните води за капење според податоците собрани во текот на ригорозните годишни анализи кои ги следат бактериските загадувачи како што е ешерихија коли“.

Според „Форбс“, најчисто е морето во Хрватска.

Островот Брач/ Фото: Wikimedia Commons

„Според најновиот извештај, малата земја позната по свето прекрасно крајбрежје на Јадранското Море – Хрватска, ги има најчистите крајбрежни води во Европа. Импресивните 99,1 отсто од 894 тестирани локации во Хрватска се оценети како одлични, а потоа следат Кипар, Грција и Словенија“, пишува Форбс.

„Чистата вода за капење не е само работа на естетиката, туку е и клучен аспект на јавното здравје и заштита на животната средина“, пишува угледниот магазин.

Фото: Pxhere

Оние кои претпочитаат езера и реки може да размислат за патување во Бугарија, Грција, Ирска, Романија и Австрија, земји кои имаат одлични резултати во категоријата слатководни води.

Земји со најчисто море:

Хрватска
Кипар
Грција
Словенија
Белгија
Бугарија
Данска
Шпанија
Малта
Португалија

Земји со најчиста слатка вода:

Бугарија
Грција
Ирска
Романија
Австрија
Финска
Данска
Германија
Литванија
Луксембург

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот