Фонте: Португалија тимски игра подобро без Роналдо на Светското првенство

Кристијано Роналдо е најголемата португалска фудбалска ѕвезда/фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Кристијано Роналдо е мета на многу критики, а последната дојде од 38-годишниот Жозе Фонте, кој не си го најде своето место на списокот на патници за Светското првенство во Катар.

Португалската репрезентација се пласираше меѓу осумте најдобри на Мундијалот, а четвртфиналето ќе го игра в сабота (10 декември) против Мароко од 16.00 часот.

Роналдо мечот против Швајцарија го започна од клупата за резервни играчи, а додека неговиот тим постигна шест гола, и веднаш почнаа приказните дека Португалците играат подобро без него.

На тоа му се придружи и Фонте, 38-годишниот играч на Лил кој не беше вклучен во тимот на Фернандо Сантош за патувањето во Катар.

– Португалија има квалитет да го прави тоа на секој натпревар, но ние мора да бидеме искрени. Само неговото присуство на теренот прави репрезентацијата несвесно и автоматски да игра за него и секогаш да му ја дава топката. Кога тој не е на теренот, Португалија игра повеќе како тим и тоа се покажа против Швајцарија. Играа течно, фокусирано, сите придонесоа и беше убаво да се види. Фернандо Сантош донесе многу силен менталитет на репрезентацијата – рече Фонте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот