Фон дер Лајен: Русија ќе мора да плати за воените злосторства во Украина

Урсула фон дер Лајен/ ФотоBRITTA PEDERSEN / AFP / Profimedia

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Русија „ќе мора да плати за воените злосторства извршени во Украина“, откако беше урната браната Нова Каховка, за што Киев ги обвини руските сили, а Вашингтон наведе дека сѐ уште утврдува кој е одговорен.

– Уништувањето на браната, невиден напад врз цивилната инфраструктура, става во опасност илјадници луѓе во регионот Херсон. Европа мобилизира поддршка преку Механизмот за цивилна заштита. Се координираме со земјите-членки за брза испорака на пумпи, противпожарни црева, филтри за вода. Стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно, напиша Фон дер Лајен на „Твитер“.

Претходно, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го осуди нападот, истакнувајќи дека украинските деца, жени и мажи ќе трпат последици од страшното уништување на хидроцентралата Каховка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот