„Фокс њуз”: Тунберг е ментално болно шведско дете, таа е како лик од хорор филм

Фото: Принтскрин

Американската телевизија „Фокс њуз” ја нарече шведската активистка Грета Тунберг „ментално болно шведско дете” додека водителка на телевизијата ја спореди со лик од хорор филмот „Деца од пченката”, пренесува „Медиа метерс“. 

Во својата емисија синоќа на „Фокс њуз”, Лора Инграм, ја нападна Тунберг, споредувајќи ја малолетната девојка со протагонистите од филмуваната хорор приказна на Стивен Кинг во која деца на христијански фундаменталисти ги убиваат сите возрасни во сектата.

– Дали на вас ова не ви предизвикува морници – се запраша Инграм покажувајќи сцена од филмот. Таа порача авторот следното продолжение на филмот да го нарече „Деца од климата”.

Тунберг синоќа настапи на климатскиот самит во ОН со говор обвинувајќи ги лидерите на развиените земји за пасивност во однос на справување со последиците од климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот