Тренерот на ФК Барселона, Ханси Флик/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Флик: Важно е да се слави титулата во шпанскиот Суперкуп

Фудбалерите на Барселона на спектакуларен начин го совладаа Реал Мадрид со 5:2 во Џеда и го освоија шпанскиот Суперкуп.

Тренерот на каталонскиот клуб, Хансик Флик со коментар по освоениот пехар:

– Одличен натпревар за нас. Многу сум среќен бидејќи одигравме многу добро. Планот што го поставивме беше испочитуван и во второто полувреме, и со играч помалку. Важно е да ја славиме оваа титула, да бидеме свесни што освоивме, но мора да бидеме подготвени за следните натпреварувања – рече Флик.

Иако се чини нереално по пет гола против актуелниот европски и шпански шампион, Флик верува дека тимот може да игра уште подобро.

– Мораме да учиме од секој натпревар. Можеме подобро, имаме млад тим. Не игравме добро неколку недели. Ситуацијата во лигата не е добра, но за тоа веќе разговаравме во соблекувалната. Ние сме Барса и имаме должност да напредуваме – се зборовите на германскиот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот