ФОТО+ВИДЕО: Барселона го прегази Реал во Џеда за 15. трофеј во Суперкупот на Шпанија
Фудбалерите на Барселона славеа убедлива победа во вечерашното „Ел Класико“ во шпанскиот Суперкуп кое се играше во Саудиска Арабија (5:2) и така го освоија својот 15. трофеј во ова натпреварување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Не изгледаше дека натпреварот ќе оди во ваква насока кога Мбапе по пет минути игра донесе предност за Реал Мадрид. Сепак, Барселона брзо преку Ламин Јамал се врати во игра.

Се играше 36. минута кога Левандовски од пенал погоди и за комплетен пресврт. Три минути подоцна Рафиња се погрижи и за водство од два гола. По неколку неискористени прилики на двете страни Барселона во завршницата од првиот дел постигна и четврти гол, а стрелец беше Балде.

На самиот старт од второто полувреме се затресе стативата од голот на Барселона, додека казната стигна на спротивната страна, Рафиња постигна втор гол за 1:5.
Остана Барселона со играч помалку откако беше исклучен Шчесни во 56. минута, но веќе беше предноцна за Реал да направи некаков пресврт. Родриго до крајот погоди од слободен удар само за ублажување на поразот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
8час
-
9час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


