фото: facebook.com/KomitiZapad87

ФК Вардар ќе ја има поддршката од Комити и во Лозана

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига во Скопје фудбалерите на Вардар беа подобри со 2:1 против Лозана.

Скопските „црвено-црни“ ја добија првата битка, но сметаат дека ова е само „прво полувреме“ од двомечот и дека и натаму ја препуштаат улогата на фаворит на швајцарскиот претставник.

Играчите на тренерот Гоце Седлоски имаа голема поддршка од своите верни навивачи на Националната арена „Тодор Проески“.

Навивачката група „Комити“ преку социјалните мрежи најави дека ќе ги бодрат фудбалерите и на реваншот кој е закажан за 31 јули од 20.15 часот.

-ОДИМЕ ВО ЛОЗАНА – ПРИЈАВИ СЕ УТРЕ. Важна победа во Скопје, сега е време да ја решиме во Лозана. ОДИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО!

Организација на сите екипи, пријави утре!
Локација: Теренче Капиштец, 20:00-21:00ч
Цена: 3000 ден. со членска / 3300 ден. без

Цената за тие кои гостуваа во Сан Марино:
1800 ден. со членска / 2100 ден. без
ГОЛЕМА КОМИТСКА МОБИЛИЗАЦИЈА!
И во Лозана, на западната страна! – стои во објавата на Комити Скопје.

Омерагиќ по триумфот над Лозана: Бев позитивен дека ќе дојде шансата и ќе постигнам гол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот