ФК Сараево не му дозволува на Дино Мерлин да одржи концерт во јули
Еден од најпознатите босански пејачи, Дино Мерлин, го најави својот петти голем концерт на сараевскиот стадион „Кошево“ на 31 јули оваа година, пишува Радио Сараево.
Препорачано
Оваа вест израдува голем број негови обожаватели, меѓутоа, има и такви кои јавно го изразија своето противење за датумот на концертот.
Фудбалскиот клуб Сараево, кој ги игра своите домашни натпревари на „Кошево“, издаде соопштение за медиумите, во кое се вели дека стадионот ќе биде ставен надвор од употреба од 24 јули до 4 август.
„Овој термин се совпаѓа со периодот на европските натпревари кои имаат големо значење за клубот – како во однос на спортот и резултатите, така и во контекстот на финансиската стабилност и долгорочното позиционирање на клубот на европската сцена. Квалификациските натпревари ќе се играат на 9 и 16, потоа на 23 и 30 јули, како и на 6 и 13 август“, навеле од ФК Сараево и додале дека „тие поддржуваат големи концерти во Кошево, но не во термините на најважните натпревари, бидејќи таквите настани влијаат на квалитетот на теренот и условите за игра“.
„ФК Сараево останува отворен за дијалог, но јасно истакнува дека заштитата на интересите на клубот мора да биде приоритет.
Кошево не е само стадион. Тоа е дом на ФК Сараево. Во европските ноќи – му припаѓа на фудбалот“, порачале од клубот.
Дино Мерлин заврши во болница, му се слошило на Баш-чаршија: Изгледаше многу лошо, едвај одеше…
Дино Мерлин откри во што најмногу ужива: Не ми е гајле за храна и вода, ниту секс


