Дино Мерлин заврши во болница, му се слошило на Баш-чаршија: Изгледаше многу лошо, едвај одеше…

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На познатиот пејач Дино Мерлин синоќа му се слошило околу 21 часот во Баш-чаршија во Сараево, поради што реагирала итната помош, која за неколку минути дошла и го однела пејачот во болница, објави хрватскиот портал „24сата“.

– Јас и мојата пријателка седевме во паркот спроти неговата продавница. Потоа ја здогледавме Брзата помош, влегоа во неговата продавница, а недолго потоа тој излезе со нив надвор – јавиле читатели на „24сата“.

Итната помош пристигнала во неговата продавница „Магаза“, која се наоѓа во Баш-чаршија.

– Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во својата продавница – додал очевидецот.

Како што неофицијално дознаваат, на Дино Мерлин му се слошило околу 21 часот, но е надвор од животна опасност. Пејачот бил во друштво на својата ќерка Наида, која му е десна рака и лична асистентка, а која синоќа го придружувала до болницата.

Во меѓувреме, се огласи менаџментот на Дино Мерлин и објасни каква е здравствената состојба на пејачот.

– Дино е добро. Се чувствува добро. Му се слоши, но сега е одлично. Тој е дома во Сараево – тврдат за „Дневни аваз“ од неговиот менаџмент.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот