ФК Пелистер со бројни проблеми се враќа во 100% сопственост на Општина Битола

фк пелистер коњановски
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски на средба со фудбалерите на Пелистер/Фото: facebook.com/OpstinaBitola

Фудбалскиот клуб Пелистер со натежнати бројни проблеми се враќа во 100% сопственост на Општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски, присуствуваа на денешниот тренинг на фудбалерите на стартот на подготовките, по што заедно со стручниот штаб на клубот, разговараа за проблемите со кои се соочува ФК Пелистер.

Градоначалникот Коњановски, на средбата информираше дека локалната самоуправа во соработка со новата управа на клубот ќе даде комплетна поддршка на функционирањето на ФК Пелистер со цел негова стабилизација и санирање на заостанатите обврски, а во насока на постигнување на високи резултати на клубот во пролетната сезона.

После 18 одиграни кола во Првата македонска лига ФК Пелистер е единствениот без победа сезонава со пет бода на последната 12 позиција.

Но, затоа во Купот на Македонија бележи успешни резултати и е помеѓу полуфиналистите во ова натпреварување, покрај Силекс, Струга Трим Лум и Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот