фото: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

ФК Македонија ЃП: Само со оставки ќе покажете дека имате чувство за фудбал и срам за тоа што се случува

Оваа полусезона во Првата македонска фудбалска лига голем дел од клубовите изразуваат незадоволство поради судиските грешки во текот на натпреварите и кои истите влијаат на конечниот исход.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изминатиот период најави употреба на ВАР системот во прволигашкиот шампионат, со цел да се недозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и денеска упати критики за работата на Судиската организација на ФФМ и побара оставка од Марјан Ристески:

– По завршеното последно коло во првата и втора МФЛ и катастрофалните судиски одлуки кои влијаеа на конечниот резултат на неколку натпревари СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ сеуште не ја објавува ниту нивната анализа.

– Затоа прашуваме:
– Дали со тоа сакаат да се преќутат овие срамни одлуки и да не ги признаат, или се срамат од нив?
– Зошто оваа судиска организација го врати Стојанче Стојанов и му ја оживеа судиската кариера која е полна со лоши одлуки и штети нанесени на многу клубови, судија кој со години беше трнат од натпреварите во 1МФЛ

– Зошто од судиска упорно се делегираат едни исти судии и покрај добивање на неколку слаби оцени во една полусезона, додека некои судии не добиваат ниту шанса да се докажат во 1МФЛ.
– Дали со ваква работа сакаат да ги тргнат и странските инвеститори кои во оваа сезона се во рекорден број од постоењето на фудбалот во Македонија?
Вака нема да привлечеме нови луѓе кои ќе инвестираат во нашиот фудбал, туку ќе ги загубиме и тие што ги имаме во моментот.

—-МАРЈАН РИСТЕСКИ ЗЕМИ ОДГОВОРНОСТ И ПОДНЕСИ ОСТАВКА БИДЕЈЌИ ТИ ДЕЛЕГИРАШ СУДИИ, ИЛИ МОЖЕБИ НЕКОЈ ДРУГ….??????
Уште еднаш ќе повториме ВИЕ СТЕ НАЈЛОШАТА СУДИСКА.
САМО СО ОСТАВКИ ЌЕ ПОКАЖЕТЕ ДЕКА ИМАТЕ ЧУСТВО ЗА ФУДБАЛ И СРАМ ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА – стои во објавата на ФК Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот