По низата грешки на судиите ФФМ најави воведување на ВАР во ПМФЛ
По низата грешки на фудбалските терени ФФМ денес со официјално соопштение најави употреба на ВАР системот во македонската Прва лига.
Препорачано
Македонското фудбалско првенство се уште не е во друштвото на оние во кои се користи модерната технологија, а од ФФМ појаснуваат дека се работи на обезбедување услови за користење на ВАР во Македонија. Засега не се прецизира кога судиите во Македонија ќе можат да сметаат на оваа технологија која се користеше на Арената „Тодор Проески“ во натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.
Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги.
Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологијата тоа да не се оствари, бидејќи овој чекор е критичен за ефективното воведување и функционирање на ВАР технологијата. Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме.
Фудбалот не е само игра, туку симбол на спортска правда и рамноправност. Во срцето на секој натпревар е желбата за фер-плеј, каде секој тим има еднакви шанси за успех.
Паралелно со овие напори, ФФМ континуирано инвестира во професионалниот развој на нашите судии. Редовно ги испраќаме на обуки и семинари во рамките на УЕФА со цел подобрување на нивните вештини и способности за правилно судење.
Ние сме посветени на обезбедување на највисоки стандарди во нашиот фудбал и веруваме дека овие чекори ќе придонесат кон правичен и квалитетен фудбалски исход“, стои во соопштението на официјалната страна на Фудбалската федерација на Македонија.
ВИДЕО | Радовиќ по мечот против Струга: Скандал, ова е катастрофа за фудбалот во Македонија


