ВИДЕО | Радовиќ по мечот против Струга: Скандал, ова е катастрофа за фудбалот во Македонија

Тренерот на ФК Воска Спорт, Милјан Радовиќ/фото: F.C Voska Sport

Во заостанатиот натпревар од 15 коло во Првата македонска фудбалска (ПМФЛ) во „езерското дерби“ актуелниот шампион Струга Трим Љум триумфираше со 1:0 над Воска Спорт.

Единствениот гол беше реализиран во самиот финиш од средбата со голот на Згуро во деветтата минута од судиското надополнување (90+9`).

Веднаш по завршувањето на мечот Воска Спорт изрази незадоволство поради судиските одлуки на овој меч. Според ФК Воска Спорт, главниот судија Игор Стојчевски влијаел на конечниот резултат.

– Загубивме после сомнителен пенал во 99 минута. Иако судијата покажа шест минути надополнување, изненадувачки мечот продолжи да се игра 100 минути. Од дуелот меѓу Марјан Радески и нашиот дефанзивец, Љупче Трпески, јасно е дека нема никаков контакт за пенал, па бараме појаснувања од Судиската комисија на ФФМ во чија насока одлучи Игор Стојчевски да се повика за овој натпревар. Зошто е сменето името на судијата ден пред натпреварот? – стои во делот од соопштението на ФК Воска Спорт.

Изјава имаше и тренерот на ФК Воска Спорт, Милјан Радовиќ:

– Ова е катастрофално за фудбалот во Македонија. Таквото судење ги надминува сите очекувања. Скандал би рекол. Навистина ми е жал за нашите момци кои се бореа до крај, одиграа добро, но не можеш да играш против друга сила која те казнува со своите одлуки. Одиме напред уште посилно – рече Радовиќ.

За скандалозните одлуки на овој меч се огласи и фудбалскиот клуб Шкупи кој води директна борба со Струга за шампионската титула и исто така споделија видео од сомнителните судиски одлуки на споменатиот меч:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот