ФК Барселона со соопштение: Ќе соработуваме со полицијата!
Фудбалскиот клуб Барселона објави соопштение во кое се потврдува дека полициските сили извршиле претрес во просториите на „Камп Ноу“ во денешните утрински часови.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ударна вест беше пристигнувањето на полицијата на „Камп Ноу“ и апсењето на поранешните функционери на каталонскиот клуб, вклучувајќи го и поранешниот претседател Жосеп Марија Бартомеу.
Клубот после тоа се огласи со официјално соопштение:
– По пристигнувањето на полициските сили на Камп Ноу, по наредба на судот што се занимава со случајот на договорни услуги на социјалните мрежи, Барселона понуди соработка на полицијата и судските органи со цел да се разјаснат фактите што се предмет на оваа истрага.
Информациите и документацијата што ги бара полицијата се строго ограничени на фактите релевантни за овој случај.
Барселона ги почитува тековните правни постапки и принципот на презумпција на невиност на луѓето кои се најдоа во процесот – соопштуваат од ФК Барселона.
Потсетуваме, полициската акција е поврзана со аферата „Барсагејт“. Истрагата е покрената затоа што се сомнева дека Бартомеу им плаќал на компаниите да им го нарушат угледот на одредени сегашни и поранешни фудбалери на клубот на социјалните мрежи.
Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу


