Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу

epa08713869 FC Barcelona's president, Josep Maria Bartomeu, attends the Euroleague basketball game between FC Barcelona Lassa and CSKA Moscow at Palau Blaugrana in Barcelona, Catalonia, Spain, 01 October 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Шпанската полиција денеска влезе во стадионот на Барселона како дел од операцијата за пребарување и заплена.

Според „Ел Паис“, уапсени се поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу, директорот Оскар Грау, шефот на правната служба Роман Гомес Понти и претседателскиот советник Хауме Масферер. Шпанските медиуми објавија дека операцијата е поврзана со аферата „Барсагејт“.

Бартомеу наводно им платил на компаниите за да им го уништат угледот на некои поединци на социјалните мрежи. Конректно, Бартомеу ѝ платил на компанијата „13ВЕНТУРС“ шест пати повеќе од пазарната вредност.

Со цел истовремено дискредитирање на легендите како Лео Меси, Жерар Пике, Чави, Гвардиола, Иниеста…

Каталонскиот клуб одлучно ја демантираше приказната дека Бартомеу се занимавал со ваква деловна активност, како и дека не ангажирал ниту платил никого да се вклучи во негативна кампања на интернет против никого..

Поради таа афера, полицијата веќе изврши претрес во просториите на „Камп Ноу“ во јуни, а сега тие повторно се вратија. Бартомеу и неговиот одбор на директори минатата година поднесоа оставки поради полемиката околу Лионел Меси.

Тогашните челници на клубот ангажираа компанија чија цел беше да го подобрат имиџот на клубот во јавноста, а таа компанија создаде неколку лажни сметки на социјалните мрежи кои ги клеветеа играчите, како и членовите на опозицијата во управата на Барселона.

Меси одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот