Финалето во Купот на Италија со навивачи на трибините

Фото:EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Владата во Италија донесе одлука финалето на Купот на таа земја да се игра пред навивачи на трибините…

Поради подобрувањето на состојбата со пандемијата на коронавирусот во таа земја, ќе биде дозволено да се пополнат 20 проценти од капацитетот на стадионот Сасуоло во Реџо Емилија, каде ќе се одржи финалето.

Завршниот меч за трофејот во италијанскиот Куп е закажан за 19 мај, а ќе се сретнат Јувентус и Аталанта.

Со оглед на тоа што стадионот Сасуоло има капацитет од 21,500 места, ова приближно значи дека на околу 4.000 навивачи ќе им биде дозволено да присуствуваат на овој натпревар.

Потсетување дека во полуфиналните дуели Јуве го елиминираше Интер, а Аталанта го исфрли Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот