Народно собрание во Белград, пожар во Ќациленд - Извор Нова.рс.

Филмски сцени пред српскиот Парламент: „Ќациленд гори, но гласањето мора да продолжи“

Во српскиот Парламент денес владее исклучително напната атмосфера, откако пред зградата избувна пожар, а потоа се слушнаа истрели. Според сведоштва на пратеници за Нова.рс., едно лице било рането, а друго приведено, додека седницата продолжила без прекин.

ФОТО + ВИДЕО | Пукање и пожар во „Ќациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

Пратеничката од Зелено-левичарскиот фронт, Билјана Ѓорѓевиќ, изјави дека ситуацијата во и околу парламентот останува хаотична.

Пратеничката од Зелено-левичарскиот фронт, Билјана Ѓорѓевиќ – Извор – Нова.рс.

„Бевме во салата за гласање кога колега од групата СРЦЕ рече дека нешто гори. Истрчавме пред зградата, но обезбедувањето ни рече само да ги поместиме автомобилите. На почетокот не сфативме колку е сериозно, но потоа се слушнаа истрели и дознавме дека има ранет човек“, изјави Ѓорѓевиќ.

Вашиот „Ќациленд“ гори, но гласањето мора да продолжи

И покрај хаосот, потпретседателката на парламентот Марина Рагуш не ја прекинала седницата ниту за момент.

-Им рековме дека нивниот „Ќациленд“ гори и дека има ранети, но тие продолжија да гласаат како ништо да не се случува – изјави Ѓорѓевиќ за Нова.рс.

Пратеникот на Српското народно движење, Ненад Милојичиќ, потврди дека по пожарот се слушнале истрели и дека полицијата реагирала вознемирено.

Пратеникот на Српското народно движење, Ненад Милојичиќ
Пратеникот на Српското народно движење, Ненад Милојичиќ – Извор Нова.рс.

„Го извадија оружјето, а подоцна дознавме дека е ранет постар човек во шатор. Неколку возила пред парламентот беа оштетени од рикошети. Во еден момент навистина беше страшно“, изјави Милојичиќ.

Филмски сцени пред парламентот

Пратеничката на ССП, Јелена Милошевиќ, опиша сцени кои, според неа, изгледале „како од филм“.

Пратеничката на ССП, Јелена Милошевиќ – Извор Нова.рс.

„Полиција има насекаде, пожарникари гаснат, чадот сè уште се крева. Видовме човек приведен, кој лежеше на подот опкружен со полиција. А во исто време, владата продолжува да гласа. Потпретседателката Марина Рагуш не трепна“, рече Милошевиќ за Нова рс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот