Филмски фестивал во Венеција: „Златниот лав“ отиде во рацете на Одри Диван, најдобра актерка е Пенелопе Круз

Фото: EPA

Претседателот на жирито, корејскиот оскаровец Бонг Јон-хо, рече дека победникот го избрале едногласно

Филмот „Настан“ на француската режисерка Одри Диван, го освои „Златниот лав“ на 78. издание на Венецискиот филмски фестивал. Се работи зае драма посветена на една млада девојка од 60-тите години на минатиот век, која се подготвува за абортус. Претседателот на жирито, корејскиот оскаровец Бонг Јон-хо, рече дека победникот го избрале едногласно. „Настан“ ја освои и наградата на критиката – ФИПРЕСЦИ.

Диван е шеста жена која освоила „Златен лав“ досега. Пред неа се Клое Жао, која годинава беше членка на жирито, а лани победи со „Земја на номади“, Маргарета Фон Трота со „Маријане и Јулијане“, Ањес Варда со „Вагабонд“, Мира Наир со „Монсунска венчавка“ и Софија Копола со „Некаде“.

Фото: EPA

Паоло Сорентино освои „Сребрен лав“ за најдобар филм за „Божја рака“, а Филипо Скоти за најдобар млад актер за улогата во овој филм. Џејн Кемпион освои „Сребрен лав“ за најдобра режија за „Моќта на песот“. Меги Џиленхал е наградена за најдобро сценарио за нејзиното режисерско деби „Изгубената ќерка“.

Пенелопе Круз освои награда за најдобра актерка за „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар, а најдобар актер е Филипинецот Џон Арчила во „На работа: Исчезнатите 8“. Италијанскиот автор Микеланџело Фрамартино освои Специјална награда на жирито за „Дупка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marie Claire France (@marieclairefr)


Во селекцијата „Хоризонти“, светска премиера имаше и косовскиот филм „Вера сонува за морето“ на дебитантката Калтрина Красниќи, во кој копродуцент е и Македонија со „Дрим фектори“. „Вера сонува за морето“ освои две од паралелните награди на Венецискиот фестивал кои ги доделуваат други институции. Дебито на Красниќи ја освои специјалната награда „Валентина Педичини – авторки под 40 години“. Исто така, ја освои и наградата „Едипо Ре за инклузија“, што ја доделува Универзитетот во Падова и на филмот ќе му донесе кинодистрибуција во 5 италијански градови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Switch On (@switch_on_bari)


Во филмот главната улога ја игра макдонската актерка Теута Ајдини-Јегени, а игра и Рефет Абази. Сценариото е на Дорутина Баша, кинематографер е Севдије Кастрати, монтажер е Владимир Павловски, снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а македонски продуцент е Огнен Антов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот