Филмска кражба во центарот Скопје

Како што информираат од МВР по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат дека сториле кривични дела тешка кражба.

Обвинетиот 35-годишен скопјанец и обвинетата 25-годишна скопјанка, по претходен договор заеднички влегле во куќа на улица „Венијамин Мачуковски“ и додека станарите спиеле, од масата во дневната соба одзеле две женски чанти во кои имало пари, банкарски картички и други документи.

Една од оштетените го затекнала обвинетиот до украдените чанти во раката и вознемирана го прашала што прави, по што тој заедно со неговата соизвршителка се дале во бегство.

Веднаш по настанот обвинетата употребила една од украдените картички и извршила вкупно седум трансакции во два маркета.

Само неколку дена подоцна, првообвинетиот, со совладување препреки, извршил уште една тешка кражба во стан во зграда на истата улица.

Имено, тој успеал по фасадата на зградата и држачите од олукот да се искачи на висина од 2.5 метри, се прекачил на балконот од станот и преку незаклучената балконска врата влегол внатре.

Од дневната соба одзел женска чанта со лични документи и банкарски картички, па веднаш го напуштил местото. Една од украдените картички веднаш ја употребил во маркет, реализирајќи две трансакции.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот