Филипче: Само 15 отсто од заболените се наоѓаат во болница

Одогварајќи на новинарско прашање министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека и покрај тоа што бројот на новозаболени расте, сепак само 15 отсто до болните се во болниците, па тој истакна дека нема никаква грижа за тоа дека би се пополниле капацитетите во сите одделенија ширум земјава.

-Очекувано е да има број на пациенти кога има и зголемен број на новодијагностицирани, но само 15 отсто од нив се наоѓаат во болница и на мал дел од нив им треба респираторна машина. Имаме сосема доволно кревети и други респираторни машини доколку се потребни. Тоа во овој момент не е нешто што загрижува, бидејќи овие планови ги разработувавме од порано. Главниот терет е во клиниката во Скопје и во болницата Осми септември – изјави Филипче на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот